Во Собранието ќе заседаваат две комисии
- Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.
Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија во прво читање и Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија.
Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов. Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје. Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава.
Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија беше потпишан во Парис на 14 октомври 2022 година од страна на министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска и министерот за вооружени сили на Француската Република, Себастијан Лакорну. По пристапувањето на Северна Македонија во НАТО Организацијата на 27 кмарт 2020 година се појавила потреба да се склучи меѓувладин договор во областа на одбраната за зајакнување и продлабочување на соработката меѓу двете држави. Договорот обезбедува зајакната правна рамка за соработка меѓу двете држави членки на НАТО Алијансата. Договорот ја регулира соработката во полето на одбраната меѓу Република Северна Македонија и Француската Република во следните области: одбранбена политика, политичко-стратешки предизвици, организација и функционирање на силите, вооружување и воена опрема, меѓународни и хуманитарни операции, воени вежби и обуки.
беше потшишан во Букурешт на 19 декември 2006 година меѓу Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Македонија Република Молдавија, Црна Гора, Република Србијаи УНМИК Косово. Неговата целосна примена започнала на 22 ноември 2007 година. Главните цели на овој договор се: проширување на трговијата со стоки и услуги, поттикнување на инвестициите преку фер, стабилни и предвидливи правила, отстранување на бариерите во трговијата, обезбедување соодветна заштита на правата на интелектуална сопственост во согласност со меѓународните стандарди, хармонизирање на одредбите за прашања од модерната трговска политика како што се правилата за конкуренција и државната помош. Договорот е хармонизиран со правилата на Светската трговска организација (СТО). Целта на овој протокол е елиминирање на пречките за трговија во рамките не ЦЕФТА и прогресивно унапредување на трговските односи во согласност со Општатат еволутивна клаузула од ЦЕФТА 2006 содржана во член 45.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија - Прво читање, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија и Исправката на Закон за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 193/25).фф/
Фото: МИА Архива