Во Радовиш завршува регулацијата на коритото на Ораовичка Река
- Во Радовиш во тек се градежни работи за завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река, соопштија од локалната самоуправа
Радовиш, 19 февруари 2026 (МИА) - Во Радовиш во тек се градежни работи за завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река, соопштија од локалната самоуправа.
Како што информираат од таму, проектот се реализира со засилена динамика и има цел значително зголемување на безбедноста од поплави, како и намалување на ризикот за околните објекти и земјоделските површини.
- Со оваа интервенција правиме уште еден значаен чекор кон уредена, побезбедна и поеколошка животна средина за сите граѓани - се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Љупче Почивалец.
Инаку, паралелно со градежните работи, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, на вегетацијата и на шутот од речното корито, со што се обезбедува непречен проток на водата и долгорочна функционалност на системот. рт/дма/
Фото: Општина Радовиш