Во Преспа продолжува изградбата на канализациска мрежа и пречистителна станица
- Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, изврши увид на градежните активности, кои се одвиваат во населеното место Долно Дупени, каде што се гради канализациска мрежа со пречистителна станица во селото.
Ресен, 18 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, изврши увид на градежните активности, кои се одвиваат во населеното место Долно Дупени, каде што се гради канализациска мрежа со пречистителна станица во селото.
Од Општина Ресен информираат дека станува збор за регионален проект за третирање на атмосферските води, односно изведба на канализациски системи за да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро.
- Реализацијата на овој проект е од големо значење, со чија изведба ќе се придонесе за поквалитетен живот на жителите, како и подобрување на инфраструктурата и заштитата на животната средина во Преспа, но и грижа за развојот на туризмот - информираа од тамошната локална самоуправа.
Активноста е дел од програмата „ЕУ за Преспа“, финасирана од ЕУ-делегацијата и реализирана од УНДП. мт/дма/
Фото: Општина Ресен