Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за уредување и озеленување на просторот покрај стариот пат кон Кочани
- Локалната самоуправа започнува засејување на трева и порамнување на теренот, со цел да се добие уреден и пријатен зелен простор за жителите
Македонска Каменица, 24 март 2026 (МИА) - Локалната самоуправа продолжува со активностите за расчистување и порамнување на просторот покрај стариот пат Македонска Каменица – Кочани, со цел да се обезбеди поубав и подреден јавен простор за граѓаните.
Според најавата на градоначалничката Соња Стаменкова, овој проект е дел од пошироките напори за уредување на јавните површини и подобрување на квалитетот на живот во општината.
-Веќе утре ќе започне засејување на трева, што ќе придонесе теренот да добие зелен и пријатен изглед. Работиме посветено за поубава и почиста Македонска Каменица. Нашата цел е просторот покрај стариот пат да стане пријатно место за прошетка и одмор за сите жители, изјави Стаменкова.
Најави дека Општината планира дополнителни мерки за озеленување и одржување на јавните површини, со што се очекува градот да стане поуреден и пријатен за живеење.
-Ќе продолжиме да работиме посветено за поубава и почиста Македонска Каменица, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, подвлече Стаменкова.
Општината најавува дека планира дополнителни мерки за озеленување и одржување на јавните површини, со што се очекува градот да стане поуреден и пријатен за живеење. вс/вј/
Фото: МИА