• среда, 15 април 2026

Во Загреб ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели

Во Загреб ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели

Загреб, 24 март 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб денеска ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели.

Вангели, родена во 1963 година во Битола, дипломирала на прочуената Städelschule во Франкфурт, една од најреномираните европски академии за современа уметност. Таа е редовна професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а нејзината уметничка кариера вклучува учества на значајни меѓународни манифестации, меѓу кои и Венецијанското биенале, како и бројни музејски поставки ширум Европа и светот.

Организаторите информираат дека изложбата „Архивски документи“ претставува ново авторско истражување на Вангели, чија работа е препознатлива по концептуален пристап, силен визуелен јазик и критичка ангажираност. бк/са/

Фото: КИЦ

Остани поврзан