Во завршна фаза изградбата на паркот во штипската населба „Осми Ноември“
- Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од Програмата за меѓугранична соработка со Општина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање на повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните. По тој повод увид во гардежните активности извршија министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков.
Штип, 19 декември 2025 (МИА) -Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од Програмата за меѓугранична соработка со Општина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање на повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните.
По тој повод увид во гардежните активности извршија министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков.
-Овде на површина од еден хектар се финализира паркот кој е предвиден и кој ќе служи за релаксација на луѓето кои ја користат велосипедско - пешачката патека, со дополнителна содржина, урбана опрема која посакувам да остане и да се сочува. На три позиции се работи, се создава нова зелена површина, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Министерот за локална самоуправа, Перински вели дека проектот е од големо значење и за граѓаните, бидејќи се работи на создавање повеќе зелени површини.
-Навистина многу значаен проект за штипјани затоа што се третира една најакутна тема, а тоа е заштитата на животната средина, вели Пирински.
Носител на проектот е Центарот за развој на ИПР, и од таму истакнаа дека во наредниот период ќе има иницијативи за повеќе зелени површини во сите општините од истокот.
-Центарот за развој на ИПР со овој проект покренува десетгодишна регионална стратегија за зелена инфраструктура, и како да се трансферираат зелените делови во урбана инфраструктура, со што ќе се градат паркови и други зелени површини, рече Здравков.
Ова е еден од трите паркови површини коишто се реалзираат и имплементираат преку ИПА 3 Програмата за меѓугранична соработка. вдј/вг/
Фото: МИА