• сабота, 19 септември 2026

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода

Сплит, 17 август 2026 (МИА) - Во пожарот, кој ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска, целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи - соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.

 - Исто така, целосно изгореа и 45 пловила, кои биле извлечени на брегот - изјави Бобан за Хина.

Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила.

На прашањето дали се оштетени маслинови насади, тој рече дека сè уште не е извршен увид во штетите во земјоделството.

Тој објасни дека кога Град Омиш ќе го достави извештајот од увидот, ќе биде поднесено барање до Штабот за цивилна заштита за прогласување природна непогода.

Тој потсети дека премиерот Андреј Пленковиќ вети дека и владата ќе помогне во санацијата на просторот и објектите, како и во надоместувањето на штетата. ссм/

фото: архива