• среда, 01 април 2026

Во Велес утрешната „Априлијада“ 2026 наместо на отворено во амфитеатарот на Младиснкиот парк и низ градинките

Во Велес утрешната „Априлијада“ 2026 наместо на отворено во амфитеатарот на Младиснкиот парк и низ градинките

Велес, 31 март 2026 (МИА) – Општина Велес како организаторот на традиционалната манифестација „Априлијада“ 2026, одлучи поради најавата на дожд, наместо на отворено да се одржи во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, како и  во сите шест градинки и училишта со посебна програма, информираат попладнево за МИА, од Општина Велес.

-Шарени костими од кои некои и рачно изработени како и интересни весели  маски, утре на Денот на шегата - 1 април,  ќе продефилираат во сите велешки градинки и училишта, со што ќе продолжи традционалната манифестација. Воедно на програмата за „Априлијада“ во  секое училиште и градинка  ќе бидат одбрани и пофалени најдобрите костими и маски, наведуваат од Општина Велес. ад/вг/

ФОТО МИА архива

Остани поврзан