• четврток, 25 декември 2025

Во Битола се одржа манифестацијата „Танц против насилство“

Во Битола се одржа манифестацијата „Танц против насилство“

Битола, 20 декември 2025 (МИА) - Во Битола се одржа меѓуучилишен танцов натпревар со наслов „Танц против насилство“. Манифестацијата се реализира со поддршка на Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

-Целта е да се подигне свеста за врсничкото и дигиталното насилство, поттикнување на позитивни вредности и промовирање на креативниот потенцијал на младите. Во спортската сала на СОУ „Јосип Броз Тито“ учествуваа седум основни училишта од Битола, со вкупно 49 ученици, а ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, кој рече дека идејата на здружението „Сумнал“ значи начин да се бориме против насилството, булингот, дигиталното насилство, кое што не загрижува сите, соопштија од Општина Битола.

По завршувањето на натпреварот, жири комисијата одлучи наградата Гран При да ја додели на ООУ „Гоце Делчев, наградата за најсилна порака против насилството ја испратија учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“, а за најкреативна кореографија беа оценети учениците од ООУ „Кирил и Методиј“. мт/аа/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан