Во Битола заврши реализацијата на проектот „Младински политики по мерка на младите“
- Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“ и во соработка со Општина Битола, одржа завршен настан посветен на „Младите и менталното здравје“.
Битола, 27 март 2026 (МИА) - Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“ и во соработка со Општина Битола, одржа завршен настан посветен на „Младите и менталното здравје“.
Проектот се реализираше во битолските средни училишта и со средношколските психолози, а за целите и остварувањата од проектот говореа Емилиа Ѓероска претседателка на здружението „Про локал“ и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.
Учесниците на денешната панел дискусија ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски кој ја повтори поддршката што Општина Битола ја дава на младите преку различни форми и содржини, а го истакна и значењето на Советот на младите кој како тело функционира во рамките на Општина Битола.
„Младите и менталното здравје“ се реализира во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“, во соработка со Цивика Мобилитас, а со поддршка на Амбасадата на Швајцарија.мт/
Фото: Општина Битола