Во библиотека „Искра“ во Кочани акција за донирање книги на македонски јазик за библиотеката на МПЦ во Холандија
- Во Библиотеката „Искра“ во Кочани започна акција на донирање книги на македонски јазик, кои ќе бидат наменети за црковната библиотека на Македонската православна црква (МПЦ) во Холандија. Може да се донира секаков вид на литература поврзана со Македонија: историски книги, лектирни изданија, книги за фолклор, книги за деца, проза, поезија од македонски автори...
Кочани, 18 август 2026 (МИА) - Во Библиотеката „Искра“ во Кочани започна акција на донирање книги на македонски јазик, кои ќе бидат наменети за црковната библиотека на Македонската православна црква (МПЦ) во Холандија. Може да се донира секаков вид на литература поврзана со Македонија: историски книги, лектирни изданија, книги за фолклор, книги за деца, проза, поезија од македонски автори...
Иницијативата е на професорот по македонски јазик и литература, м-р Доне Донев, после објавениот повик од Ѓорѓи Ментинов, член на Управниот одбор на Македонската православна црква во Холандија.
-Лани успеавме да купиме наш простор за црквата. Во моментов просторот се уредува и се гради внатрешноста, а планираме да направиме и катче за македонска библиотека. Сакам да собереме книги на македонски јазик – историја, лектири, литература, култура, фолклор, книги за деца и млади и сè што е поврзано со Македонија. Ако имате дома некои македонски книги што веќе не ги читате или не ви требаат, би ми било многу драго да ги подарите за библиотеката. Наместо да стојат и да фаќаат прашина, ќе добијат нов живот, соопшти Ментинов на фејсбук. ис/вј/
Фото: МИА