ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна, СДС е под целосна контрола на Заев преку Башановиќ и Шчекиќ
- Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно го става СДС во функција на туѓи интереси и го претвора во обична прокси-структура под диригентската палка на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 27 март 2026
Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно го става СДС во функција на туѓи интереси и го претвора во обична прокси-структура под диригентската палка на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.
Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега Заев преку Филипче директно го постави Башановиќ за шеф на ПР-комуникациите заедно со неговиот соработник Шчекиќ.
Башановиќ и Шчекиќ ги контролираат ПР-стратегијата и јавните настапи на Филипче.
Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство, напротив, јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност, тука целосна зависност и потчинетост.
Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните, а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ.
Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата.
ПР-машинеријата на СДС се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена.
Некогаш сериозна политичка партија СДС денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев заедно со своите наследници ја доведе партијата до работ на политичка безначајност.
Ова не е само политичка криза во СДС, туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина.
Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.
Фото МИА архива