• вторник, 21 април 2026

Владата на Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

Владата на Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

Приштина, 20 април 2026 (МИА) – Владата на Косово денеска го усвои предлогот за одлука за прогласување на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран за терористичка организација.

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека одлуката има за цел „зајакнување на правната и стратешката основа на Косово во однос на меѓународната безбедност и борбата против тероризмот“.

- Корпусот на исламската револуционерна гарда е идентификуван како структура која користи тероризам и организирано насилство како инструмент на надворешната политика, придонесувајќи за регионална и глобална дестабилизација – рече Курти.

Тој оцени дека со оваа одлука, Косово „го зајакнува својот став во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“.

Ова е јасен став на Косово и неговите сојузници во заедничката борба против тероризмот – додаде Курти. јт/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан