• понеделник, 16 март 2026

Виткоф и Кушнер повторно во Женева ќе се сретнат со иранска делегација

Виткоф и Кушнер повторно во Женева ќе се сретнат со иранска делегација

Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на 26 февруари во Женева ќе имаат средба со иранска делегација, изјави денеска неименуван американски извор.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи вчера изјави дека се надева оти в четврток во Женева ќе се сретне со Виткоф. Иранскиот министер изрази оптимизам дека постои „добра шанса“ за изнаоѓање на дипломатско решение.

САД неодамна го засилија военото присуство во Блиски Исток, а претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека размислува за ограничени напади врз Иран, со цел да го принуди Техеран на договор за неговата нуклеарна програма.

Иран претходно соопшти дека е подготвен на отстапки за нуклеарната програма во замена за ублажување на санкциите и признавање на правото за збогатување на ураниум. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан