Виткоф „веројатно“ ќе го посети Израел следната недела
- Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, во интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека веројатно ќе отпатува за Израел следната недела за да ги координира плановите за војната со Иран.
Вашингтон, 10 март 2026 (МИА) – Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, во интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека веројатно ќе отпатува за Израел следната недела за да ги координира плановите за војната со Иран.
Тој исто така навести дипломатско решение за војната.
- Да видиме дали Иранците сакаат да разговараат – рече тој и додаде дека САД го уништиле речиси целиот ирански капацитет за збогатување ураниум.
Виткоф исто така рече дека Русите негирале дека споделуваат разузнавачки информации за американските воени средства со Иран, додавајќи дека негирањето дошло за време на телефонскиот разговор на Трамп во понеделникот со рускиот претседател Владимир Путин. јт/
Фото: ЕПА