Високиот комесаријат на ОН за човекови права го обвини Израел за воени злосторства на Западниот Брег
- Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк денеска остро го критикуваше Израел за неговите постапки на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, кои се во корист на еврејските доселеници, опишувајќи ги како воени злосторства, објави ДПА.
Женева, 6 февруари 2026 (МИА) - Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права денеска остро го критикуваше Израел за неговите постапки на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, кои се во корист на еврејските доселеници, опишувајќи ги како воени злосторства, објави ДПА.
Комесаријатот соопшти дека на 12 јануари, израелските безбедносни служби срушиле повеќе од 70 згради во Источен Ерусалим, уапсиле 25 Палестинци, претресле десетици куќи и продавници и конфискувале имот. Ова е направено поради планираната изградба на еврејски населби таму.
„Незаконската депортација или преместување на население кое живее под окупација претставува воено злосторство и, во одредени околности, може да претставува и злосторство против човештвото“, рече Тамин ал-Хитан, портпарол на ОН за човекови права. рп/
Фото: МИА архива