• сабота, 21 февруари 2026

Виница – 100 години „Тодорови трки“

Виница – 100 години „Тодорови трки“

Виница, 18 февруари 2026 (МИА) - Општина Виница и оваа година ќе ја реализира традиционалната манифестација „Тодорови трки“. Тековната 2026 година е особено значајна, бидејќи одбележуваме голем јубилеј – 100 години од одржувањето на првите „Тодорови трки“, најавува локалната самоуправа.

Како новина оваа година е воведена дисциплина маратон од 5 километри. Заинтересираните за учество во маратонот можат да се пријават на следниов линк: https://forms.gle/3RsVoHmChdQRMHtk9

„Тодоровите трки“ се синоним за нивниот град, сметаат виничани. Оваа веќе стогодишна манифестација има длабоки корени во  историја и традиција на Виница. 

Низ децениите наназад, тие се развиваа и прераснаа во препознатлив симбол на градот – на заедништвото, спортскиот дух, радоста и натпреварувачкиот ентузијазам. Од најмладите до највозрасните, генерации виничани растеле со оваа манифестација, носејќи ја како дел од својот идентитет, нагласува Општина Виница во својот повик до граѓаните.

И годинава, „Тодоровите трки“ ќе се одржат на 28 февруари, на „Тодорова сабота“, на градскиот стадион во Виница. „Трките“ во дваесетина дисциплини ќе започнат во 11 часот. ис/вј/

Пото: Плакат Општина Виница

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан