Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
- Сан Антонио ноќеска ја совлада Оклахома Сити со 116:106 на домашен терен во меч од НБА-лигата.
Сан Антонио, 5 февруари 2026 (МИА) - Сан Антонио ноќеска ја совлада Оклахома Сити со 116:106 на домашен терен во меч од НБА-лигата.
Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, запиша дабл-дабл со 22 поени и 14 скока и е најзаслужен за триумфот над актуелниот шампион во најсилната кошаркарска лига на светот.
Резултати на другите натпревари играни ноќеска:
Њујорк – Денвер 134:127
Торонто – Минесота 126:128
Хјустон – Бостон 93:114
Милвоки – Њу Орлеанс 141:137
Сакраменто – Мемфис 125:129
ЛА Клиперс – Кливленд 91:124.
Оклахома Сити е лидер во Западната конференција со 40-12 (победи-порази), Детроит е прв на Исток со биланс 37-12. зс/
Фото: ЕПА