Велешки средношколци се запознаа со работата на Советот на Општина Велес
- На иницијатива на Младинскиот центар и ЕU hause денеска во соработка со средните училишта од Велес во електронската сала на Советот на Општина Велес се одржа информативна средба на која младите средношколци имаа можност да се запознаат со работата на локалната самоуправа.
Велес 24 февруари 2026 (МИА) - На иницијатива на Младинскиот центар и ЕU hause денеска во соработка со средните училишта од Велес во електронската сала на Советот на Општина Велес се одржа информативна средба на која младите средношколци имаа можност да се запознаат со работата на локалната самоуправа. Притоа беше остварена и средба и со градоначалникот Марко Колев, а младите се запознаа и со административните процеси на одделенијата во општината при подготовка и одржување на седници.

Градоначалникот Колев најави дека како резултат на информациите кои ги добиле денеска, заедно договориле во следниот период средношколците и самите да симулираат работа на општинскио совет.
-Јас како градоначалник, заедно со општинската администрација и Советот на Општината остануваме отворени за сите младински иницијативи и предлози.Заедно градиме Општина по мерка на младите, потенцира Колев.

ад/
Фото: Општина Велес