• вторник, 13 јануари 2026

Ваљбон Лимани прогласи победа со двојно повеќе гласови

Ваљбон Лимани прогласи победа со двојно повеќе гласови

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар повторните избори прогласи победа во изборниот штаб пред поддржувачите и симпатизери на коалицијата Национална алијанса за интеграција.

Во штабот на НАИ каде се прибираа и анализираа резултатите, започна славење и Лимани кажа дека извојувал убедила победа над противкандидатот од ВЛЕН-ВРЕДИ, Невзат Бејта. Тој искажа благодарност за поддршката на гласачите.

- Горд сум што вечерва прогласуваме победа. Разликата со противкандидатот е 2:1. Гостиварци гласаа со Гостивар во срцето. Нека започне славјето, рече Лимани.

Од изборниот штаб на НАИ, прославата на изборните резултати продолжи по градските улици. згм/сст/
фото МИА

 

Остани поврзан