• сабота, 19 септември 2026

Буданов: Во септември можни се преговори помеѓу Украина и Русија

Буданов: Во септември можни се преговори помеѓу Украина и Русија

Киев, 27 август 2026 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов, денеска изјави дека е можно во септември да има средба помеѓу украинска и руска делегација, на кој би присуствувале и американски претставници.

Буданов наведе дека Украина се стреми да ги продолжи мировните разговори предводени од САД.

Се надевам, да, и секако и на Американците. Не можеме без нив, посочи Буданов одговарајќи на прашањето дали тоа значи директни разговори меѓу украинските и руските преговарачи.

Последната рунда трилатерални разговори меѓу Украина и Русија, во кои учествуваа претставници на САД, се одржа во февруари. Оттогаш украинските и руските претставници одржаа само одделни разговори со американскиот тим. ми/ссм/

фото: МИА архива