Брнабиќ по средба со Марта Кос во Брисел: Србија решително продолжува по својот европски пат
- Оценувајќи ја средбата со Марта Кос како „многу добра и отворена“, Ана Брнабиќ на својот Инстаграм профил изјави дека стратешка цел на Србија останува полноправно членство во Европската унија.
Белград, 18 март 2026 (МИА) - Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Брисел, по разговорот со европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека Србија решително го продолжува својот европски пат и дека ќе работи побрзо и посилно на реформите.
Оценувајќи ја средбата со Марта Кос како „многу добра и отворена“, Ана Брнабиќ на својот Инстаграм профил изјави дека стратешка цел на Србија останува полноправно членство во Европската унија.
„Голема благодарност до Кос за нејзината посветеност и поддршка на нашата земја и поддршката што и ја дава на нашата земја во овој процес. Ќе работиме уште побрзо и посилно на сите реформи, пред се за доброто на сите наши граѓани“, изјави Ана Брнабиќ. зш/мс/
фото: Брнабиќ/Инстаграм