• петок, 20 февруари 2026

Бред Пит пристигна на грчкиот остров Идра за снимањето на новиот филм The Riders

Бред Пит пристигна на грчкиот остров Идра за снимањето на новиот филм The Riders

Атина, 20 февруари 2026 (МИА) - Популарниот американски актер Бред Пит се наоѓа на грчкиот остров Идра за снимањето на неговиот нов филм The Riders, а според медиумите во Грција, се очекува да остане една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Идра е дел од групата Саронски Острови, кои се во близина на Атина, а Пит пристигнал со брод од грчката метропола во придружба на својата партнерка Инес де Рамон и пеш се упатил до вилата во која е сместен, со оглед на тоа што на островот се забранети автомобили.

Островот, како што пишуваат медиумите во Грција, е под силни безбедносни мерки, а снимањето почнало утрово на отворено.

Според информациите, се очекува во текот на викендот на островот да пристигне амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, и да се сретне со американскиот актер. ср/сд/

Фото: Принтскрин ТВ Антена

Остани поврзан