• четврток, 16 април 2026

Борец противник на Штип УГД во финалето на македонскиот одбојкарски Куп

Борец противник на Штип УГД во финалето на македонскиот одбојкарски Куп

 

Скопје, 27 март 2026 (МИА) – Одбојкарите на велешки Борец ќе се соочат со бранителот на титулата Штип УГД во финалето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција, откако вечерва во второто полуфинале со 3:0 во сетови (25:19, 25:14, 26:24) го совлада Работнички волеј.

Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета во полуфиналната пресметка, додека во третиот се врати од негатива од 16:20 и со пресврт го освои сетот на разлика, заверувајќи го пласманот во финалето.

Претходно вечерва, бранителот на титулата Штип УГД го обезбеди своето трето едноподруго куп финале со триумфот од 3-0 над Струмица.

Машкото финале од Купот на ОФМ 2026 се игра в сабота, со почеток во 19:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а во увертира на дуелот меѓу Штип УГД и Велес, за трофејот во женска конкуренција ќе играат Вардар ЕМ и Наковски волеј. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан