• четврток, 25 декември 2025

Беџети: Треба постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција, која е еден од условите за приближување кон Европска Унија

Беџети: Треба постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција, која е еден од условите за приближување кон Европска Унија

Штип, 18 декември 2025 (МИА) - Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување и надзор над фискалните правила се трите главни столба на Фискалниот совет во државата. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети кој по потпишувањето на меморандумот за соработка со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски одговараше на новинарски прашања рече дека макроекономската стабилност е предуслов за се, а потоа се јавуваат последиците од презадолжување. Надолна линија не е презицирана, но предвидено е да биде до 54 проценти.

-Надолна линија не е прецизирано, но според нашите научни истражувања тоа се движи од 52 до 54 проценти во однос на структурата и капацитетот на економијата на Македонија. И покрај тоа што формалната граница е 60 проценти сега сме над 60 проценти, и треба постепено да се консолидира и се движиме кон тоа, рече Беџети.

Посочи дека Фискалниот совет дава свои насоки, извештаи, анализи со цел подобрување на моменталната ситуација во државата.

-Фискалниот совет дава насоки, извештаи, анализи. Сите тие се објавени на нашата веб страница, а насоките се дека треба да има постепена консолидација и да ја постигнеме фискалната конвергенција, која е еден од условите за приближување кон Европска Унија, изјави Беџети.

Тој додаде дека  каматните стапки се многу високи  и тоа значи дека секојпат кога каматната стапка е над растот на реалниот Бруто домашен производ (БДП) тоа е погубно за економијата. вдј/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан