• понеделник, 19 јануари 2026

Белата куќа потврди дека Трамп и Путин повторно разговарале

Белата куќа потврди дека Трамп и Путин повторно разговарале

Вашингтон, 29 декември 2025 (МИА) - Белата куќа потврди дека Доналд Трамп и Владимир Путин имале телефонски разговор.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, објави на социјалните мрежи дека разговорот меѓу двајцата лидери бил „позитивен“.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин ќе одржат уште еден телефонски повик „наскоро“, по вчерашниот разговор.

Трамп ги нарече разговорите продуктивни и рече дека ќе го информира рускиот претседател по средбата со Володимир Зеленски во Флорида. мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан