Без вода улиците Христо Татарчев и Душан Тасковиќ
- Поради дефект на ППХ на улицата Христо Татарчев 24/47, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од третата зона Припор.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Поради дефект на ППХ на улицата Христо Татарчев 24/47, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од третата зона Припор.
Без вода, поради дефект на приклучна цевка на улицата Душан Тасковиќ 17, денеска ќе бидат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, ќе биде прекинато од 10.30 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива