Без вода корисниците од бул. „Видое Смилевски Бато“ во Аеродром
- Поради уличен дефект на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр. 61 во населба Аеродром, попладне од 16.40 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците од овој булевар, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 18 декември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр. 61 во населба Аеродром, попладне од 16.40 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците од овој булевар, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до отстранување на дефектот.лв/нд/
фото: МИА архива