• вторник, 03 февруари 2026

Бардела не се плаши од Трамп, никогаш не му бил пример

Бардела не се плаши од Трамп, никогаш не му бил пример

Париз, 2 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на француската ултрадесничарска партија Национален собир (РС), Џордан Бардела, денеска го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Трамп никогаш не му бил пример.

Тој рече дека Трамп не го плаши и нагласи дека неговата партија РС се дистанцира од политиката на Доналд Трамп, објавува весникот Фигаро.

„Американскиот претседател не ме плаши“, рече Бардела и истакна дека Трамп се карактеризира со „многу неизвесна и многу непредвидлива природа“.

„Ветерот на слободата што дува низ САД не треба да нè прави наивни. Можеби Трамп е добар за Америка, но не и за Франција и Европа“, рече Бардела.

Тој оцени дека „многу малку американски воени интервенции резултирале со демократија“ и потсети на Авганистан, Ирак и Либија.

„Многу сум претпазлив во однос на каква било форма на воена интервенција во области кои се исклучително сложени и исклучително опасни. Мојот единствен компас во надворешната политика е Франција повторно да стане неутрална земја, да може да разговара со сите, да не се потчинува на никого и да ги брани своите интереси“, рече Бардела.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан