• среда, 18 март 2026

Ашаданов по средбата со Хрватска: Ова е дел од процесот на градење на тимот

Ашаданов по средбата со Хрватска: Ова е дел од процесот на градење на тимот

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов има само пофални зборови за своите кошаркарки, без оглед на конечниот исход на средбата со Хрватска.

- Пред стартот на овој квалификациски „прозорец“, во договор со федерацијата, направивме значително подмладување на репрезентацијата, со цел да изградиме тим кој ќе носи резултати во иднина. Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри моменти, а младите играчи покажаа карактер и борбеност, Сепак, во клучните ситуации недостасуваше искуство и концентрација, истакна Ашаданов.

Додава дека ова а само некој прв чекор од процесот на градење на тимот.

- Од натпревар во натпревар девојките покажуваат сè подобра игра и докажаа дека заслужуваат шанса и доверба. Ова е дел од процесот на градење на тимот и верувам дека од ваквите натпревари ќе излеземе посилни. Продолжуваме да работиме и да се подобруваме, потенцира Ашаданов.

Вечерва, во салата „Градски парк“ подобра од нашата, беше репрезентацијата на Хрватска со 91:53. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан