Арсенал и Артета ќе купуваат нов напаѓач
- Лидерот во Премиер лигата Арсенал и нивниот менаџер Микел Артета не се премногу задоволни од досегашните игри на нивниот играч, кој беше купен последниот преоден рок Виктор Ѓокереш
Лондон, 10.март 2026 (МИА) – Лидерот во Премиер лигата Арсенал и нивниот менаџер Микел Артета не се премногу задоволни од досегашните игри на нивниот играч, кој беше купен последниот преоден рок Виктор Ѓокереш. Според медиумите од Англија Артета бара ново засилување.
Станува збор за фудбалерот на Галатасарај Виктор Осимен. Претходната сезона тој беше во Истанбул како позајмен играч од Наполи, а потоа „остана“ во клубот. Сезонава на 26 натпревари има постигнато 18 голови.
Но, турскиот клуб не е расположен за продавање или ако тоа мора да го направат би го сториле за 130 милиони евра. Осимен би требало да биде еден од неколку играчи што ги планираат во Арсенал за составот да добие дополнителен квалитет. мн/
Фото: ЕПА