Арбелоа: За Реал постои само едно можно сценарио, да се победи Баерн и да се продолжи понатаму
- Пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, главниот тренер на Реал, Алваро Арбелоа, истакна дека тимот од Мадрид смета само на победа.
Мадрид, 7 април 2026 (МИА) - Пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, главниот тренер на Реал, Алваро Арбелоа, истакна дека тимот од Мадрид смета само на победа.
- Баерн е неверојатен - видовме што се способни оваа сезона. Имаме најголема почит кон нашите противници. Овој тим има исклучителна сезона. Нивната форма оваа година е без осцилации. Тие се многу комплетен тим, бестрашен, агресивен, исклучително фокусиран во одбраната и имаат неверојатен напаѓач во Кејн.
Сепак, ние не размислуваме за пораз. За нас, постои само едно можно сценарио, да се победи Баерн и да се продолжи понатаму. Тоа е сè што сакаме и во што веруваме. Целата наша енергија е насочена кон натпреварот против Баерн, изјави Арбелоа на официјалната веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Реал Мадрид - Баерн ќе се одржи во Мадрид вечер со почеток во 21 часот. зс/
Фото: ЕПА