• среда, 15 април 2026

Арапските земји бараат од Ирак да ги запре нападите на иранските сојузници од своја територија

Арапските земји бараат од Ирак да ги запре нападите на иранските сојузници од своја територија

Техеран, 26 март 2026 (МИА) - Во заедничко соопштение, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан побараа од Ирак да ги „преземе потребните мерки“ за да ги запре нападите кои од негова територија ги спроведуваат групи поврзани со Иран.

Овие земји ги осудија „отворените напади“ на Иран низ регионот и нагласија дека, иако ги почитуваат братските односи со Ирак, таа држава мора да ги спречи нападите за да се зачуваат меѓусебните односи и да се избегне понатамошна ескалација. Воедно, тие го истакнаа своето „целосно и неотуѓиво право на самоодбрана“.

Иран долго време се потпира на моделот на дејствување преку посреднички групи (прокси), што е клучен столб на неговата моќ во регионот. Техеран финансираше и вооружуваше мрежа на организации, вклучувајќи ги Хезболах, Хутите и Хамас. По нападите од 7 октомври, Израел води војна против овие организации, со што значително е ослабено иранското влијание во регионот. ссм/сд/

фото: архива

Остани поврзан