• вторник, 13 јануари 2026

Андоновски: Владата е стабилна, постои можност за промени, но во моментот нема таква најава

Андоновски: Владата е стабилна, постои можност за промени, но во моментот нема таква најава

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Владата е стабилна. Постои можност за промени, но во моментот нема таква најава - рече вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Во интервју на МРТ 1, Андоновски истакна дека меѓусебната комуникација на владините ресори е одлична. 

Прашан за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и дали е веќе почната внатрепартиската битка за иден лидер со оглед дека во 2029 треба да се избира нов претседател, министерот одговори дека „ВМРО-ДПМНЕ влегува во период на резултати, не на кадровски битки“. Наредните години, дополни, ќе бидат многу продуктивни бидејќи нема да има притисоци за функции и позиции.

- Не би рекол дека има некаква битка, амбициите се природна работа на сите што се занимаваат со политика. Очекувам зголемена динамика на работата и на Владата и на партијата затоа што е време на покажување резултати - истакна Андоновски додавајќи дека неговите главни цели се поврзани со резултати, а не со функции.

Тој е дециден дека нема заднински договори во јавната набавка вредна 1,1 милион евра за одржување на системот за управување со документи во Министерството за дигитална трансформација. Истакна дека тендерот е спроведен законски, а Министерството нема надлежност да истражува во чија сопственост се фирмите што ги добиваат тендерите. мч/вј/

Фото: принт скрин

 

 

Остани поврзан