• сабота, 19 септември 2026

Андоновски: 95 институции поврзани преку Платформата за интероперабилност, 130 отсто раст на бројот на трансакции споредено со лани

Андоновски: 95 институции поврзани преку Платформата за интероперабилност, 130 отсто раст на бројот на трансакции споредено со лани

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. Посочува дека за 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули.

-Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер - посочува Андоновски на објавата на Фејсбук.  

Целта, како што вели, не е само институциите технички да бидат поврзани - туку граѓанинот да ја почувствува разликата.

- Помалку документи. Помалку чекање. Помалку бирократија. Тоа е дигитализацијата што сакам да ја изградиме: државата да ја завршува работата зад системот, а граѓанинот да ја добие услугата - нагласува министерот Андоновски. фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа