• четврток, 16 април 2026

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Вашингтон, 27 март 2026 (МИА) - Во текот на првите три недели од вооружениот конфликт со Иран, американската војска веројатно изгуби до 2,9 милијарди долари во воена опрема, изјави за „Волстрит џурнал“ Елејн Мекаскер, висок функционер за буџетот на Пентагон за време на првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа ги процени штетите од битката и надоместокот за загубите на приближно 1,4 до 2,9 милијарди долари, при што втората проценка ја одразува штетата на катарскиот радар стациониран во американската воздухопловна база во земјата.

Според „Волстрит џурнал“, поголемиот дел од штетата на терен е предизвикана од ирански балистички ракети и беспилотни летала. мс/ссм/

фото: Архива

Остани поврзан