• четврток, 25 декември 2025

Амбасадорот на Казахстан во посета на Дебар

Амбасадорот на Казахстан во посета на Дебар

Дебар, 18 декември 2025 (МИА) - Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, вчера попладне бил во посета на Дебар, при што имал средба со градоначалникот Фисник Меља. 

На средбата се разговарало за зајакнување на пријателските односи и и за можностите за соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи го економскиот развој, културата и туризмот.

Градоначалникот Мела му се заблагодарил на амбасадорот Буршаков за посетата и изразил подготвеност за градење мостови на соработка и промоција на потенцијалите на градот на меѓународно ниво. 

- Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја заедничката посветеност за зајакнување на односите и меѓуинституционалната соработка, стои во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Меља.

По средбата, двајцата ја посетиле Инќар џамијата, Градскиот музеј и бањскиот локалитет во Бањиште. вт/

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан