Алварез на мета на европскиот првак
- Аргентинецот во редовите на Атлетико Мадрид, Хулиен Алварез е на мета на европскиот првак ПСЖ
Мадрид, 12.мај 2026 (МИА) – Аргентинецот во редовите на Атлетико Мадрид, Жулиен Алварез е на мета на европскиот првак ПСЖ. Француската екипа планира летово да го договори играчот и да дојде до неговиот потпис.
Оваа сезона Алварез одигра одлична сезона и оправдано стана еден од главните фудбалери во Атлетико. Пред ПСЖ за играчот од Мадрид интерес имаше и од шпанскиот првак Барселона.
Во врска со обештетувањето се споменуваат високи суми, според договорот, но за ПСЖ главно парите не биле проблем.
Сепак и управата на Атлетико Мадрид размислува на Алварез да му понуди нов договор и со 9 милиони евра да биде најплатениот играч со дополнителен бонус од еден милион евра. мн/
Фото: ЕПА