• понеделник, 16 март 2026

Ал Нури: Од сирискиот камп ал Хол вратени во Ирак околу 22.000 ирачки државјани

Ал Нури: Од сирискиот камп ал Хол вратени во Ирак околу 22.000 ирачки државјани

Багдад, 23 февруари 2026 (МИА) – Ирачкиот заменик министер за миграција и раселени лица, Карим ал Нури денеска изјави дека околу 22.000 Ирачани од озлогласениот камп ал Хол во Сирија се вратени во Ирак. Во кампот ал Хол беа сместени семејства на борци од терористичката група Исламска држава.

Ал Нури посочи и дека од Сирија треба да се вратат од 1.200 до 3.000 лица, кои се бараат од безбедносните агенции за нивна вмешаност во спроведување терористички операции.

- Ги повикуваме сириските власти да трагаат по нив, да одлучат за нивната судбина и да ги предадат на Ирак - посочи ал Нури.

Кампот ал Хол, кој важеше за плодна почва за идеологијата на ИД, вчера беше затворен. По доаѓањето на власт на Ахмед ал Шара голем број луѓе побегнаа од кампот ал Хол. Кампот беше под курдска контрола и доброволното заминување од него не беше можно. ми/сд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан