Аеродромот во Осло накратко затвори една писта поради забележан дрон
- Аеродромот во Осло накратко затвори една од своите писти денеска откако во близина беше забележан дрон, објави националниот оператор „Авинор“.
Осло, 11 јануари 2026 (МИА) - Аеродромот во Осло накратко затвори една од своите писти денеска откако во близина беше забележан дрон, објави националниот оператор „Авинор“.
Затворањето беше предизвикано од „мал личен дрон“ и траеше околу 20 минути, по што нормалното работење на аеродромот продолжи, изјави портпаролот на „Авинор“. мс/
фото: Архива