АА: Албанските ученици во Идризово се лишени од правото на образование на мајчин јазик
- Денес сакаме да покренеме сериозно прашање кое со години останува нерешено и кое директно го засега правото на албанските деца во Идризово на образование на нивниот мајчин јазик. Во основното училиште „Његош“, албанските ученици можат да ја следат наставата на албански јазик само до петто одделение. Од шесто до деветто одделение, тие се принудени да го продолжат своето образование во други општини, само за да можат да учат на својот мајчин јазик - истакна на денешната прес-конференција Ваљон Јахии од Алијансата за Албанците, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 19 август 2026
Денес сакаме да покренеме сериозно прашање кое со години останува нерешено и кое директно го засега правото на албанските деца во Идризово на образование на нивниот мајчин јазик. Во основното училиште „Његош“, албанските ученици можат да ја следат наставата на албански јазик само до петто одделение. Од шесто до деветто одделение, тие се принудени да го продолжат своето образование во други општини, само за да можат да учат на својот мајчин јазик - истакна Ваљон Јахии од Алијансата за Албанците на прес-конференција, што МИА ја пренессува интегрално.
Неприфатливо е во 2026 година албанските деца сè уште да се соочуваат со вакви пречки.
Министерката за образование, Весна Јаневска, изјавува дека е добро децата да учат на својот мајчин јазик. Ако ова навистина е ставот на министерката и на Владата, тогаш очекуваме тоа да биде потврдено со дела.
Што ги спречува институциите во училиштето „Његош“ да отворат паралелки на албански јазик и од шесто до деветто одделение?
Одговорност има и ВЛЕН, кој влезе во Владата со ветување дека ќе ги штити правата на Албанците, а токму во Министерството за образование има и албански заменик-министер.
За што служи оваа власт, ако не може да се обезбеди ниту правото албанските деца да го завршат основното образование на својот мајчин јазик и во своето место на живеење?
Алијансата за Албанците бара од Министерството за образование и од Владата веднаш да ги преземат потребните постапки за отворање паралелки на албански јазик од шесто до деветто одделение во Идризово.
Децата од Идризово не бараат привилегии. Тие бараат право што им припаѓа.
Алијанса за Албанците