• среда, 26 јуни 2024

Sвездата на Хјустон Рокетс позитивна за коронавирус

Sвездата на Хјустон Рокетс позитивна за коронавирус
Орландо, 13 јули 2020 (МИА) - Расел Вестбрук и Џејмс Харден, ѕвездите на Хјустон, оваа недела требаше да им се придружат на своите соиграчи во „Дизни Светот“, но, барем што се однесува до Вестбрук, тоа нема да се случи. - Дефанзивецот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека е позитивен за коронавирусот и е во самоизолација, напиша Шамс Шаранија, новинар на Атлетик, на Твитер. Потоа се обрати и Вестбрук. - Во моментов се чувствувам добро, јас сум во карантин и со нетрпение очекувам да се вратам на соиграчите кога ќе ми биде одобрено. Ви благодарам за сите ваши желби и постојана поддршка. Ве молам, сфатете го сериозно овој вирус. Внимавајте и носете маски, вели поранешниот играч на Њу Орлеанс.

Остани поврзан