• недела, 22 декември 2024

Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето

Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето
Берово, 22 ноември 2022 (МИА) - Oпштинa Берово е наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето. Европската организација за локална демократија – АЛДА, денеска на пригодна свеченост му ја врачи наградата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој истакна дека таа е резултат на тоа што Општина Берово, успешно го спроведе процесот на самоевалуација покажувајки високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.
-Слободно можам да кажам, дека оваа награда е резултат на успешно справување со предизвиците на модерното време, која што претставува здружен труд, на мене како градоначалник на Општина Берово и на тимот на моите соработници, кои неуморно одговараат на сите поставени барања и секојдневно работат во интерес на жителите на Општина Берово, истакна Пекевски.
Наградата Пекевски ја прими на официјалниот настан за доделување на Европска ознака за извонредност на управувањето кој се одржа денеска во Скопје.
-Благодарност до моите соработници, за досегашната соработка и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да го унапредуваме процесот на управување и ќе постигнеме големи резултати во насока на подобрување на животот на жителите на Општина Берово, додаде Пекевски.
На доделувањето на наградите од Европската организација за локална демократија – АЛДА како што додадоа од Општина Берово присуствуваа претставниците на општините од Македонија, Хрватска и Косово, кои што, исто така,  успешно ги спроведоа процесот. вс/сст/

Остани поврзан