• вторник, 24 декември 2024

Oпштина Велес е против изградбата на цементарница во населбата Превалец кај Велес

Oпштина Велес е против изградбата на цементарница во населбата Превалец кај Велес
Велес, 18 март 2021 (МИА) - Општина Велес не може да дозволи изградба на цементарница во населбата Превалец, потврди денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски. -На предметната локација во населбата Превалец кај Велес во чија непосредна близина живеат граѓани од населбите Превалец и Тунел  се планира изградба на нова цементарница кога изворот на емисии во животната средина, изборот на процесот, контролата на процесот, мониторинг на процесот и во сегашната состојба, а особено заради несоодветната локација, прилоложените аргументи од страна на инвеститорот „Техно Павер“ не покажуваат дека може да се гарантира исполнување на стандардите за заштита на животната средина и во услови кога кумулативниот ефект на животната средина. Затоа Општина Велес не може да доволи нови производни процеси и изградба на нови објекти, информира  Коцевски на денешната прес-конференција. Ова свое мислење, како што најави, општината ќе го достави до надлежното МЖСПП, кое од нив веќе и го побара. Во производниот процес, како што е наведено во Известувањето за намера, додаде, ќе се продуцираат емисии на прашина, јаглероден диоксид и гасови при согорување на фосилните горива. -Индустријата за цемент е втор по големина емитер на јаглерод диоксид, емисијата на азотен оксид е значајна во ова производство. Сулфур диоксидот се формира во ротационата печка, а јаглероден моноксид се јавува во издувните гасови од ротационата печка за производство на цементен клинкер. При производството на клинкер се емитираат диоксини и фурани, а во помали количини може да се јават полихлорирани ароматични јаглеводороди, бензен, толуен, етил бензен и ксилен во помали количини, како и тешки метали (талиум, кадмиум и жива), посочи  Коцевски. Тој информира дека процесот предвидува поставување на систем на филтри, надополнети со системи за микрофилтрација, во ваков производен процес, а во услови кога на предметната локација во функција на производството на цемент ќе се користат и отворениот коп за експлоатација на варовник, кој учествува со 80 отсто при производството на цементен клинкер со постројки за дробење и сепарирање на варовник, негативното влијајанието врз животната средина се зголемува. „Техно Павер“ кој го црпи Каменеломот во населбата Превалец и има Варница со години наназад не презема ништо за заштита на животната средина и заштита на здравјето на жителите од овие две велешки населби, кои со години реагираат до недлежните, но никој не презема ништо. Во изминатите години  кога имаше и  забрани за работа на Варницата од страна на  Државниот инспекторат за животна средина, тимот на „Техно Павер“ не преземше ништо за да ги заштити жителите од енормното загадување на воздухот, а продолжуваше и  понатаму секојдневно да загадува. Против отворање на Цементарница во населбата Превалец  деновиве остро реагираат жителите од овие две велешки населби,а ја имаат и поддршката од велешките екологисти. Инаку, Општина Велес е против продолжување на оваа постапка за изградба на цементарница на предметната локација во населбата Превалец кај Велес, со барање да се предложи друга локација за спроведување на проектот цементарница која ќе биде соодветна и безбедна за животната средина и здравјето на луѓето. ад/вј/  

Остани поврзан