• понеделник, 23 декември 2024

Oпштина Велес ги реновира автобуските постојки во градот

Oпштина Велес ги реновира автобуските постојки во градот

Велес, 14 јануари 2020 (МИА)- Целосно реконструирани пет руинирани автобуски постојки во Велес. Реконструкцијата ја изврши ЈКП „Дервен“, а по налог на општината.

Од Општина Велес за МИА, најавија дека годинава планираат целосно да обноват уште три автобуски постојки во градот.

Оттаму апелираат,  граѓаните да не ги уништуваат постојките на кои има поставено клупи и  настрешница.

Градоначалникот Аце Коцевски изјави дека планира Велес наскоро да стане прв град во земјава со современ транспортен модел.

Kако што појасни Коцевски, тоа  ќе значи воведување на повеќе линии на јавен градски превоз, а тие што ќе конкурираат, треба  да обезбедат возила-автобуси со  еколошки прифатливи енергенси. ад/ир

Остани поврзан