• недела, 22 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
16 декември 2020  Народни песни од збирката на Кирил Македонски  Кирил Македонски е еден од најзначајните македонски музички дејци, интелектуалец и патриот, автор на голем број дела со родољубива содржина. Роден е во Битола на 19 јануари 1925 година. Музичка академија студирал во Загреб и Сараево каде што диоломирал во 1959 година. Магистрирал на Музичката академија во Љубљана. Бил професор по музика во Битола како и на Педагошката академија во Скопје. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954 година), а подоцна ги напишал и оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). Автѕор е и на многу други музички дела. Се занимавал и со музичка терапија така што завидни успеси постигнал во музикотерапијата. Починал во Скопје на 4 јуни 1984 година. Помалку е познато дека К. Македонски објавил и една збирка со македонски народни песни со наслов „Народни песни“ (со прилог на уметнички песни во народен тон), Скопје 1954 година. Од таа збирка донесуваме неколку песни. Девојче, море, девојче, шчо ти е бело грлото, шчо ти е б ело грлото, како на филджан д’ното. Филджанот полн со ракија, подај го да се напијам. Подај го да се напијам, да пијам, да се опијам. Да пијам да се опијам, меракот да ми поминит. Да знаиш, моме, да знаиш Да знаиш, моме, да знаиш, како је жалба за младост, на порта би ме чекало, от коња би ме сметнало на раце би ме кренало, на скала би ме качило, во одаја би ме внесило, ноидзеве би ми измило, постелја би ми послало, до мене би си легнало! Чудила се мила мама Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за бакалче, ја бакалче нејќам! Бакалче е како глушец, од вреќа на вреќа. Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за даскалче, даскалче нејќам! Даскалче е како куче од село на село. Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за мајсторче, ја мајсторче, нејќам! Мајсторче, е како петле, од греда на греда. Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за одларче, ја одларче,, нејќам! Одларче е црно лице, како на ѓаволче. Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за рибарче, ја рибарче,, нејќам! Рибарче е како крапче, над вода – под вода. Чудила се мила мама, кому да ме даде? да ме даде за гајдарче, ја гајдарче сакам! Он ќе свири, ја ќе играм, ќе се погодиме! Три години Кате, болен лежам Три години Кате, болен лежам, ти не дојде, Кате, да ме видиш, ти не дојде, Кате, да ме видиш, понадица, Кате, да ми дојсиш, понадица, Кате, да ми дојсиш, понадица, Кате, лубеница, лубеница, Кате, стреде зима, стреде лето, Кате, суво грозје. Шуќур, Господ, Кате, те донесе, да ми дојсиш, Кате, понадица. Преврти го, Кате, перничево, да го видам, Кате, езероно, да го видам, Кате, езероно, како фрлат, Кате, далги далги, како фрлат, Кате, далги, далги, така фрлат, Кате, моево срце, така фрлат, Кате, моево срце, моево срце, Кате, за твоето. Ајде мори кулни, кукувице (Љубима песна на Гоце Делчев) Ајде мори кукни, кукни, кукни, да не кукнеш! Сињо пиле кукувице, мори, Ајде, мори, ја да дојдам, синјо пиле кукувице, мори, таја рана пролет! Ајде, мори, да си зберам, сињо пиле кукувице мори, се отбор јунаци. Ајде море да си слегнам, синјо пиле кукувице мори во Солунско поле. Дотекла вода студена Дотекла вода студена, леле студена, од високата планина, леле планина, во Јанината градина. Кога се Јана родила, леле родила, мајка и магија сторила, леле сторила, мајка и магија сторила. Живо пиле в’огин фрлила, леле фрлила, магесни думи думала, леле думала, магесни думи думала. Како што се врти пилето, леле пилето, така да се вртат ергени, леле ергени, по нашта Јана убава...(Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан