Панел дискусија „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“
- Во Медија центарот на Владата денеска ќе се одржи панел дискусија насловена „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“.
Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Во Медија центарот на Владата денеска ќе се одржи панел дискусија насловена „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“.
Како што соопштија од владината прес-служба, на панел дискусијата што ќе ја модерира портпаролот на Владата, Марија Митева, ќе учествуваат Сашо Клековски, директор на ФЗОМ, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директор на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари и Лоран Страшевски, матичен стоматолог. цр/са/
Фото: МИА архива