• недела, 22 декември 2024

Kорисниците на социјална помош во Општина Новаци, oслободени од плаќање сметка за комунални услуги 

Kорисниците на социјална помош во Општина Новаци, oслободени од плаќање сметка за комунални услуги 
Новаци, 2 септември 2022 (МИА) - Советот на Општина Новаци донесе одлука со која сите приматели на социјална помош се ослободуваат од плаќање сметка за комунални услуги кон ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци. Од Општина Новаци информираат дека одлуката нема значително да влијае врз работењето на комуналното претпријатие, а ќе претставува помош за семејствата кои се приматели на социјална помош во овие тешки времиња на економска криза, невработеност и беспарица. Правото на ослободување од плаќање на сметка за комунални услуги, жителите на Општина Новаци може да го остварат со достава на решение за примање на социјална помош во просториите на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“. На територијата на Општина Новаци според Центарот за социјални работи Битола регистрирани  се 50-тина социјални случаи, приматели на социјална помош.мт/вј/

Остани поврзан