Kонцерт на квартетот „Од сè по нешто“ во КИЦ
- Во Салон „19:19“ на Културно-информативен центар – Скопје, вечерва ќе одржи концерт квартетот „Од сè по нешто“.

Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Во Салон „19:19“ на Културно-информативен центар – Скопје, вечерва ќе одржи концерт квартетот „Од сè по нешто“.
Квартетот го соочинуваат Милан Кацарски – хармоника, Владимир Комненовски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон и Марко Марковски - перкусии.
Проектот е насловен „Мулти – култи музика“, а на програмата ќе се изведува разновидна музика од светот и музика на повеќето заедници кои живеат во нашата земја. фф/мд/