• вторник, 17 март 2026

Global Digital City 2026 во Тетово

Global Digital City 2026 во Тетово

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Во Тетово денеска ќе се одржи дводневниот настан Global Digital City 2026 посветен на развојот на BPO и ICT секторот, дигиталните вештини, иновациите и вработувањето на младите.

-Настанот ќе ги обедини институциите, индустриските лидери, меѓународните компании, академската заедница како и младите професионалци од регионот, велат организаторите.

Програмата вклучува обраќања, панел-дискусии, обуки, презентации на компании, како и организирани вмрежувања и ред други активности, со посебен фокус на можностите за вработување и развој на вештини кај студентите и младите. сст/лв/

Фото МИА архива 

Остани поврзан